Без вода денеска неколку скопски улици

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска, на ден 20.01.2022г, поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Балзакова 30 (за фирма ЕУРО БИЛДИНГ), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Балзакова, Дренак, Драга Стојанова, Виктор Иго и Невена Георгиева Дуња.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување со активностите.