
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска прекин на водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците на општина Карпош.
Како што информираат од таму, поради уличен дефект ф-2“ на улицата Леринска 59а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улица Леринска и дел од улица Ловќенска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување со санација на дефектот.