Без вода денес шест скопски улици

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денес (12.11.2025) поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира
Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае се до завршување со работните активности.

Исто така, поради уличен дефект од ф 1” на улица Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улица Прашка.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае се до завршување на санацијата на дефектот.