Без вода денес дел од скопска општина

ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Чаир.

Од таму информираат дека поради изведување на водоводен приклучок од ф-150 на улицата Методија Митевски бб (кај школото), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од улицата Лазар Трповски и дел од Топанско Поле.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.