Без вода денес дел од една скопска општина

ЈП Водовод и канализација известува дека денеска со прекин на водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Бутел.

Од таму посочуваат дека поради дефект во шахта Ф 1“ на улицата Хо Ши Мин, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:40 часот до санирање на дефектот.