
ЈП Водовод и канализација известува за прекин на водосанбдувањето во населбата Маџари.
Како што информираат од таму, денеска поради уличен дефект ф 100мм на улицата Модест Мусоргски (кај градинката), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Модест Мусоргски, Карл Хрон, Карл Либкнехт и Анри Барбис.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.