Без вода делови од Визбегово и Батинци

ЈП „Водовод и канализација“ ги известува граѓаните дека без вода ќе бидат делови од Визбегово и Батинци.

Поради водоводен приклучок ф-300 мм на ул. 2 Визбегово (Њу Стар), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Визбегово. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Поради уличен дефект на ул.10 бр.150 Батинци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Батинци и Љубош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.