Без вода делови на Маџир Маало

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради дефект на оглица на водоводна мрежа со пречник 125 мм на улицата Маџир Маало бр. 37, без водоснабдување од 9 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од населбата Маџир Маало (општина Центар).