Без вода делови на Кисела Вода и Гази Баба

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради ставање приклучоци од ф – 1 цол на ул. Востаничка, во периодот од 8:30 часот па сè до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Востаничка (општина Кисела Вода).

Поради поврзување на нова мрежа од ф – 100 мм на бул. Киро Глигоров во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат двата објекта на Мерцедес (општина Гази Баба).