Без вода делови на Чаир

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради дефект на вентил на водоводна мрежа со пречник 80 мм на булеварот Крсте Мисирков („Скопски пазар“), без водоснабдување, со почеток од 9 часот до завршување на интервенцијата, ќе останат корисниците од улицата Покриен пазар, дел од улиците Алберт Станиќ, Евлија Челебија, Самарџиска и Атанас Бабата (општина Чаир).