Поради дефект на приклучна цевка 5/4 на ул „Иван Манолев“ 219а, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Иван Манолев и дел од „Алпи“.
Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:30 часот до завршување со санација на дефектот.