Без вода дел од населба Лисиче

Поради изведување водоводен приклучок ф80 мм на ул. „Блажо Орландиќ“ бр.40, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населба Лисиче.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 10:00 часот до завршување на работните активности.