Без вода дел од корисниците во Визбегово

Прекинато водоснабдување денеска од 13.10 часот имаат корисниците од ул. 4 и 5 во Визбегово, поради изведување водоводен приклучок на улица 5/70 во оваа населба.

ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје соопшти дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на  активностите.