Без вода дел од корисниците на улица Ѓорѓи Абаџиев

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска (24.01.2022г.) поради дефект на водоводна мрежа Ф80 мм на улица Ѓорѓи Абаџиев раскрсница со Боро Петрушевски, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на ул. Ѓорѓи Абаџиев.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:50 часот до завршување на водоводниот дефект.