Без вода дел од корисниците на „Орце Николов“ и на „3-та Македонска бригада“

 Без вода денеска ќе останат корисниците на дел од улицата „Орце Николов“ и на дел од булеварот „3-та Македонска бригада“.

Прекинот во водоснабдувањето, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, е поради дефект на приклучна цевка од ¾ на ул.Орце Николов бр.147, како и уличен дефект Ф-150 мм на булевар „3-та Македонска Бригада“ раскрсница со „Коста Абрашевиќ“.