
ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Батинци.
Како што информираат од таму, поради дефект на приклучна цевка од ф -100 мм на улицата „1“ Батинци бр 194 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.1 Батинци.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.