Без струја повеќе делови на Скопје

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека е добиено известување оти денеска се планирани технички зафати во електросистемот на град Скопје и без електрична енергија ќе останат:

Во периодот од 8:30 до 14 часот корисниците од ул. „Атанас Бабата“ бр. 26 и околните 4 куќи на истата улица (општина Чаир);

Во периодот од 9 до 12 часот корисниците од ул. 1409 и дел од потрошувачите околу „БК мебел“, како и железничката станица во Ѓорче Петров (општина Ѓорче Петров);
Во периодот од 9 до 13 часот корисниците од ул. „Даскал Камче“, зграда бр.1А вл. 1 и вл. 2 (општина Ѓорче Петров);

Во периодот од 8:30 до 10:30 часот корисниците од населбата Центар, делот од ул. „Апостол Гусларот“ до ОУ „Песталоци“ (општина Центар);

Во периодот од 9 до 13 часот корисниците од населбата Гази Баба на ул. „Благоја Стефковски“, поточно потрошувачите помеѓу бензинската на „Макпетрол“, училиштето „Коце Металец“ и СУ „Партеније Зоографски“ (општина Гази Баба);

Во периодот од 13 до 14 часот корисниците од населбата Радишани ул. 18, со броевите над 140 на ул. „Радишанска“ во дел со вкрстувањето со ул. 18 и ул. 40 (општина Бутел) и

Во периодот од 9 до 14 часот корисниците од населбата Карпош на улиците Милан Марковиќ (од бр. 8 до бр. 35), Леринска (од бр. 1 до бр. 11), ул. Козле (од бр.15 до бр. 20 и околина на овие објекти), ул. „Крчин“ (од бр. 1 до бр. 13)(општина Карпош ).