Без струја повеќе делови на Скопје

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека се планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа во Град Скопје и без електрична енергија ќе останат делови на Центар, Шуто Оризари, Карпош, Чучер Сандево, Бутел и Кисела Вода.

Без струја во периодот од 9 до 14 часот ќе бидат корисниците од ул. Прохор Пчински и околните подулици (општина Центар) и корисниците од дел од ул. Индира Ганди како и објектите околу пазарот (општина Шуто Оризари).

Во периодот од 9 до 13 часот струја ќе немаат корисниците од улицата Сливовска згр. бр. 3 и бр. 5 (општина Карпош), во периодот од 9 до 15 часот корисниците од Караула Рамно, Хидроцентрала Хидроинвест, с. Мирковци, с. Горњани, с. Чучер и с.Бањани (општина Чучер Сандево), од 8:30 до 14 часот корисниците од дел од с. Горно Оризари (општина Бутел) и од
9 до 14 часот корисниците од Канепе Мебел, бул.Борис Трајковски бр. 60 и објектите во близина (општина Кисела Вода).