
Поради планирани интервенции на електроенергетската мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од Скопје и околината.
Без струја од 08:30 до 13:00 часот ќе бидат корисниците во населбата Момин Поток, поточно на улицата „Калош Дани“, како и фирмите Стил Железо, Синтекс и Европа 92, соопшти РЦУК Скопје.
Од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе биде објектот на ОУ „Кочо Рацин“ во Петровец.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот прекин на електроснабдувањето е најавен и за главниот објект на ЈП „Паркови и зеленило“ во општина Карпош.