
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од Скопје и скопско.
- Од 08:00 до 16:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од местото викано пат за Батинци (општина Студеничани):
- Од 08:30 до 11:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улица Козле позади Реплек (општина Карпош);
- Од 09:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улица Малешевска (општина Кисела Вода);
- Од 09:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од селата: Крушопек и Горно Нерези (општина Карпош);
- Од 09:30 до 15:30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улица „1“ во Чучер Сандево.