Без струја денес делови од една скопска општина

Од РЦУК Скопје информираат дека од ЕВН Македонија АД добиле известување дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општина Карпош.

- Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улица Дрезденска бр. 5 и улица Панче Пешев.

- Во периодот од 10.30 до 13.30 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Горно Нерези.