
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа,денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општина Бутел и општина Карпош.
- Од 08:30 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе остнат корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона - Момин Поток.
- Од 09:00 до 15:30 часот, без електрична енергија ќе остнат корисниците од улица Јан Хус бр. 11а.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, исто така известуваат дека денеска со прекин на водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Центар и општина Сарај.
Како што информираат од таму, поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на
паркингот кај Трготекстил), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Св. Кирил и Методија. Водоснабдувањаето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Исто така, поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намаленпритисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане.