Без струја денес делови од две скопски општини

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денес без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Ѓорче Петров.

- Од 08:30 до 12:30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улицата 1056 – Скупи и дел од улицата Никола Карев, подулица бр. 9.

- Од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улица Козле бр. 91.

- Од 09:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улица Исаија Маџовски и дел од булевар Васил Чакаларов.