
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (12.01.2026) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општина Карпош.
- Од 10:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од улицата Ловќенска.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улица Тодор Александров бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на интервенцијата.