Без струја денес дел од една скопска населба

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од жителите на општина Ѓорче Петров.

- Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „95“ во Волково.