
За денеска најавени прекини во електро и водоснабдувањето во главниот град.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.30 до 12.00 часот, дел од корисниците на улицата Благоја Стефковски и дел од булеварот Александар Македонски, Гази Баба;
· од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на улицата 95 Волково, Ѓорче Петров.
Од скопски Водовод информираат дека поради дефект на затворач ф-300 мм на улицата Женевска бб (последна 24-ка), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Женевска, Партизанска крак 1, дел од Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Стокхломска, Гаврил Лесновски и дел од булеварот Партизански Одреди (потегот од мост ОН до Московска).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.