Без струја делови од Аеродром, вода ќе нема на улица Бањалучка

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека дека денеска, на ден 21.01.2022 година (петок), поради закажани технички зафати во системот, без електрична енергија ќе останат:

-во време од 09:00–15:00 часот корисниците на дел од ул.Пандил Шишков, дел од ул.Коста Новаковиќ, дел од ул.Трета Македонска Бригада, околу раскрсницата со ул.Коста Новаковиќ. (општина Аеродром)

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм.на улица Бањалучка 20, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица Бањалучка.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на водоводниот приклучокот.