Без струја делови на Студеничани, Ѓорче Петров и Сопиште

Од ЕВН Македонија e добиено известување дека без електрична енергија ќе останат делови на Студеничани, Ѓорче Петров и Сопиште.

Па така од 9 до 14 часот без струја ќе биде дел од селото Батинцки и дел од селото Љубош кај маркет „Рејсер“ и маркет „Цвет компани“ (општина Студеничани), од 9 до 10 часот дел од селото Волково – улиците 19, 21, 23, 79, 81, 83 и 100 (Ѓорче Петров) и од 8,30 до 15 часот дел од селото Добри Дол (општина Сопиште).