Без струја делови на Кисела Вода, Карпош, Сарај и Центар

Од „ЕВН Македонија“ АД добиено е известување дека се планирани технички зафати во електросистемот во градот Скопје.

Од 8 до 14 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од улицат Димитар Мирачиев, дел од улицата Ефтим Спространов, дел од улицата Трајко Иванов (општина Кисела Вода), од 8 до 12 часот корисниците од Горно Нерези, „Етносело“ во Горно Нерези (општина Карпош), стопански објект на „Уни проком Вемакс“ (опшина Гази Баба), дел од с. Крушопек (општина Сарај) и од 6 до 9 часот корисниците од улицата 8 Март (општина Центар).