Без струја дел од Карпош и Сарај, вода ќе нема во овој дел од градот

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (петок) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од Село Букович,Ласкарци и Село Паничани (општина Сарај)

-во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Џумајска и околината (Општина Карпош)

- во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од Село Глуво 

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска, поради санирање на уличен дефект од Ф-200 мм на ул.Максим Горки бр.8 во населба Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на бул.Партизански одреди (односно блокот згради спроти Соборен Храм), како и дел од ул.Мито Хаџивасилев Јасмин од 08:30 часот до завршување со активностите.