Без струја дел од една скопска населба - без вода три улици и амбуланта

ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Чаир.

Оттаму информираат дека поради изведување на водоводен приклучок Ф-225 милиметри на улицатаОтокар Кершовани бб кај Амбуланта Бит Пазар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Петре Георгиев, Отокар Кершовани, Крсте
Мисирков 14 и Амбуланта Бит Пазар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.

Од ЕВН Македонија најавија планирано исклучување на електричната енергија денеска во дел од населба Бардовци.

Во период од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улица.„6“ во Бардовци.