Без оглед на сè... сепак правете добрини, бидете искрени, чесни и сакајте ги луѓето

Луѓето често се неразумни и мислат само на себе.
Сепак сакајте ги!

Ако сте добри, можеби ќе ве обвинат дека имате скриени мотиви.
Сепак бидете добри. 

Ако сте успешни, ќе се појават лажни пријатели и вистински непријатели.
Сепак бидете успешни. 

Добрината која ја правите денес, утре ќе биде заборавена.
Сепак правете добрини.

Искреноста и чесноста ќе ве направат ранливи.
Сепак бидете искрени и чесни.

Луѓето со најголеми идеи можат да бидат исмевани од луѓе со најмали умови.
Сепак негувајте големи идеи.

Луѓето сочувствуваат со оние на кои не им оди добро во животот, но ги следат само победниците.
Сепак борете се за оние на кои не им оди добро во животот. 

Она што го градите со години може да биде срушено за миг.
Сепак градете.

На луѓето може навистина да им биде потребна помош, но ќе ве нападнат ако им помогнете.
Сепак помогнете им.

Ако му дадете на светот сè што имате, можеби тоа никогаш нема да биде доволно.
Сепак дадете сè oд себе.