Бесплатен воз за Пивофест 2016

Традиционално како и минатите години, во Прилеп ќе се одржи 14-тото издание на фестивалот на пивото и скарата „Пивофест 2016” во периодот од 14 до 17 јули.

МК Транспорт потсетува дека тоа е трет викенд во месецот, т.е сите посетители од другите градови кои се до 26 години можат да присуствуваат на Пивофест со бесплатен билет.

Во паркот на Револуцијата повторно ќе има бесплатен кампинг.