Доколку планирате посета на античкиот локалитет Стоби, цената на влезницата зависи од периодот во годината, возраста на посетителите и големината на групата.

Според ценовникот објавен од Националната установа „Стоби“, редовната влезница за возрасни во зимскиот период, од 1 ноември до 31 март, чини 250 денари. Во летната сезона, од 1 април до 31 октомври, цената изнесува 300 денари.
За организирани групи од најмалку 10 лица се предвидени пониски цени. Во летниот период групната влезница чини 250 денари по лице, додека во зимскиот период изнесува 200 денари.
Намалени цени има и за одредени категории посетители. Децата, учениците на возраст од 6 до 18 години и пензионерите – државјани на Македонија плаќаат 60 денари, додека студентската влезница чини 90 денари. За децата под шест години влезот е бесплатен.
Посетителите имаат можност да го посетат локалитетот бесплатно секоја прва недела во месецот, како и во одредени денови посветени на културното наследство и археологијата.
Стоби е еден од најзначајните археолошки локалитети во земјава, со остатоци од античкиот град кој се наоѓал на важна раскрсница на патиштата во римскиот период. Посетителите можат да ги разгледаат античкиот театар, базиликите, улиците и другите зачувани градби.
Локалитетот е отворен секој ден од 8 до 16 часот, а последниот влез е во 15:30 часот. Од установата информираат и дека поради временските услови, мозаиците се покриваат во периодот од ноември до април.
Целосниот ценовник и информациите за посетителите се достапни на официјалната веб-страница на НУ „Стоби“: https://stobi.mk/posetete-ne/bileti-i-rabotno-vreme/