Бесплатен паркинг на зонските паркинзи во Скопје за Велигденските празници

За време на Велигденските празници нема да се врши наплата на зонските паркинзи во недела 24.04.2022 и понеделник 25.04.2022, информираат од Јп Градски паркинг-Скопје. 

Со редовна наплата ќе работат катните гаражи Беко и 26ти Јули, паркиралиштата: Кочо Рацин, Градска Болница, Треска и клинички центар Мајка Тереза.

- На сите верници од православна вероисповед им ги честитаме велигденските празници со христијанскиот поздрав ,,Христос Воскресе!" , порачаа од претпријатието.