Бесплатен оброк, ранец, прибор, пливање и по 3.000 денари за скопските првачиња

Скопските општини со низа мерки ги олеснуваат трошоците на семејствата со првачиња.

Повеќето општини за првачињата ќе врачат финансиска помош од околу 3.000 денари по прваче. Освен оваа парична помош, надлежните се потрудија да обезбедат прибор, училишни танци, таблети, бесплатен оброк...

Општина Аерором обезбеди бесплатно пливање за сите првачиња од општината за оваа учебна година.

 „Учиме да пливаме” е проект кој предвидува олеснување на семејниот буџет на секое семејство на територија на Општина Аеродром кои имаат дете во прво одделение или дете со попреченост.  Со субвенционирањето, сите опфатени ученици добиваат: часови пливање, опрема за пливање (капа, наочари), пешкир, сертифициран спортски едукатор како и превоз на учениците од училиште до базенот и назад до своите домови, велат од општината Аеродром. 

Најмалите ученици од Кисела Вода, ќе добијат ранче и прибор подарок од општината. Реализацијата на овој проект насловен како „Ранче за секое прваче“, ќе има за цел барем малку да им ги олесни финансиските трошоци на родителите при уписот на своето дете во училиште, велат надлежните. Еден од следните зацртани проекти во оваа општина е и Таблет за секое дете.

Општината Ѓорче Петров обезбеди ранчиња за секое прваче, но од годинава и бесплатен појадок за сите првачиња.

Во општина Центар вкупно 522 дечиња ќе добијат бесплатни офталмолошки прегледи во градинките кои ги посетуваат. Покрај прегледите нашите идни првачиња ќе добијат и потврди за упис во основните училишта.  

Бутел, во пресрет на новата учебна година, обезбеди ранче и училишен прибор за сите 582 првачиња во општината.