Бесими и Бектеши учествувале во сообраќајката вчеравечер пред Влада

Во сообраќајната незгода која се случи вчеравечер кај раскрсницата во близина на Владата на Македонија, учествувало и службено возило од Владата во кое се превезувале Министерот за финансии Фатмир Бесими заедно со министерот за економија Крешник Бектеши. 

– Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата. Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување, напиша Бесими на „Фејсбук“. 

Три возила учествувале во тешката сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу булеварите Илиндендска и Климент Охридски.

Од МВР се очекуваат повеќе детали за незгодата.