„Беса“ засега нема да поднесе иницијатива за интерпелација на Артан Груби

Беса засега нема да поднесе иницијатива за интерпелација на првиот вицепремиер во Владата Артан Груби.

Ова за новинската агенција МИА, го изјави пратеникот од БЕСА - Фадил Зендели, откако синоќа во јавноста се појавија вакви информации. Тој се сомнева дека власта има мнозинство во Парламентот велејќи дека вината за тоа владејачките партии ја префрлаат на опозицијата.

-Нема такво нешто во моментов, но не исклучувам дека во иднина како опозициска партија нема да поднесеме интерпелација за министри на ДУИ и власта генерално - изјави за МИА, Зендели.

Пратеникот на Беса смета дека она што се случува во ДУИ со „огнената група“ е внатрешна работа на партијата.

-Немаат мнозинство. Мислам дека власта на некој начин ја префрла вината на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии. ДУИ не меша и нас, но во суштина проблемот е во самото мнозинство кое во Собранието нема капацитет и нема бројки односно мнозинство да ги реализира своите политики - истакна Зендели.