Бегство во спокојниот и луксузен хотел „Harmonia by Dukley“ во Будва, Црна Гора

Дојде пролетта, носејќи го обновеното чувство за авантура и копнежот за истражување. Сега е совршено време за да испланирате одмор блиску до дома и да ја откриете убавината на балканскиот регион.

Лоциран во срцето на Јадранот, хотелот „Harmonia by Dukley“ е совршена дестинација за оние кои бараат луксузно и спокојно бегство. Сместен во шармантниот град Будва, Црна Гора, овој хотел со четири ѕвезди нуди неверојатен поглед на морето и Стариот град и низа возбудливи активности.

Сега со актуелната локална понуда, создадена за бегство од секојдневата гужва, ги покануваме нашите соседи од Македонија, но и другите соседни земји да ја искусат магијата на „Harmonia by Dukley“  по специјална намалена цена. Без разлика дали барате романтичен одмор за викенд, семеен одмор или соло авантура, нашата понуда содржи по нешто за секого.

Пакетот за локален одмор вклучува престој во пространа и елегантна соба, дополнета со вкусен појадок во ресторанот Dukley Seafront со услуга со пет ѕвездички и пристап до нашиот најсовремен велнес центар каде што ќе бидете разгалени со кралски третмани.

Хотел Хармонија е исто така одлична почетна точка за истражување на убавината на Будва и нашиот тим ви стои на располагање да ја испланира вашата совршена црногорска авантура.

„Harmonia by Dukley“ ве очекува. Не ја пропуштајте оваа ексклузивна понуда – почнете да планирате уште денес и создадете незаборавни спомени кои ќе траат цел живот. За повеќе информации и за резервација, посетете ја веб-страницата на harmoniahotel.com.