Банкоматите се разнесени со непознати средства - се огласија од трговскиот центар во Топанско Поле

Се огласи трговскиот центар во Топанско поле каде што беа разнесени банкомати. Имено, од Управата на трговскиот центар „Point Retail Park“, велат дека банкоматите се обиени со користење на, за нив, непознати средства.

-За време на настанот обезбедувањето постапило според процедурите и претходно дадените упатства, кои се применуваат во вакви случаеви. Никој од вработените не е повреден, ниту за време на настанот имало надворешни клиенти на трговскиот центар. Благодариме на службите на МВР и ЈО кои веднаш излегоа на местото на настанот и преземаа професионални оперативни мерки за откривање на сторителот на овој немил настан. Ве известуваме дека Point Retail Park продолжува со редовна и непречена работа. Благодариме на Вашето разбирање - се изјаснија од трговскиот центар.