Банарскиот систем е стабилен, смета Македонската банкарска асоцијација

Во изминатиот период сме сведоци на обиди за задирање во професионалниот пристап на работење на централната банка, велат од Асоцијацијата. Апелираат до сите општествени чинители да не се дозволи да се доведува во прашање поставеноста и начинот на работа на Народната банка...

Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот - заклучок на Македонската банкарска асоцијација по одржаниот состанок.

Во изминатиот период сме сведоци на обиди за задирање во професионалниот пристап на работење на централната банка, велат од Асоцијацијата. Апелираат до сите општествени чинители да не се дозволи да се доведува во прашање поставеноста и начинот на работа на Народната банка, коишто во согласност со европските стандарди и регулатива се законски гарантирани.

Наведуваат дека силната и независна централна банка е клучен столб за стабилност, раст и развој на секоја економија.