Бакиу: Се појавија ајдуци и сѐ почесто слушам за луѓе што ја напуштаат земјава во потрага по здравје

Цели семејства се иселуваат од земјава по потрага по лек или здравствена услуга за член од семејството. Здравствениот систем редовно „потфрлува“, а револтот кај граѓаните расте. 

Престојнава сабота, 4 февруари, пред Владата е закажан протест за поддршка на лицата со цистична фиброза за кои државата не е способна да обезбеди лек. Најави за масовност на протестот искажаа голем број други категории за пациенти кои се незадоволни од задрвствениот систем. 

Свој коментар на темава даде и Адил Бакиу кој инаку е лице со телесен инвалидитет. 

-Кога јас бев мал, ние болните ги праќавме нашите здрави членови од семејството во туѓина бидејќи немавме пари, но здравствениот систем беше прилично - здрав. Не гледавме смисла и потреба да се селиме во странство за да ја добиеме здравствената услуга која ни треба.

После се појавија ајдуци во секоја можна сфера (и влада, и невладини, и секаде измеѓу) па лека-полека испоуништија сѐ и последниве години се почесто слушам за луѓе што ја напуштаат земјава во потрага по здравје, а не по пари, гласи неговиот став.