Бакар – клучен минерал за здраво срце и коски

Ова е еден од минералите кој е клучен за нашето здравје.

Според истражувањата, еден од четири лица не ја зема препорачаната дневна количина на бакар. Тој е минерал кој игра важна улога во нашето здравје и е клучен за силен имунолошки систем, здраво срце и коски, но и одржување на енергетските нивоа во текот на денот.

Бакарот е важен и за развојот на мозокот, а помага и во создавањето енергија и апсорпцијата на железо. Освен тоа, помага во лачењето колаген, ги чува коските и го намалува ризикот од остеопороза и ги спречува воспаленијата во нашето тело.

За среќа, тој може да се најде во различни состојки и за него не постои потреба да се зема како суплемент доколку тие се вклучат во нашата редовна исхрана.

Состојките кои се богати со бакар се:

Шитаке печурки

Целозрнест леб

Грав

Спирулина

Семки и јаткасти плодови,како бадеми, индиски ореви, семки од сончоглед и сусам

Компири

Црн дроб од животинско потекло

Кељ

Спанаќ

Темно чоколадо