Азиски нудли со тофу

Ако го сакате вкусот на потпржени нудли, ова е идеален рецепт за вас.

Состојки:

250 гр нудли
Две црвени пиперки
Три млади кромида
300 гр тофу
4 меко сварени јајца
Соја сос
Луто-сладок сос
Зачини

Подготовка:

Нудлите се варат во вода. Во тава настрана ги пропржувате пиперките и кромидот, а потоа го додавате тофу сирењето. Ставете ги сварените нудли и пржете со мешање. Зачинете со соја сос и луто-сладок сос. 

Распоредете во четири садови за нудли и ставете по едно јајце и декорирајте со свежи перца од кромид.