Авторот на „Игри без граници“: Тоше беше пријател и изведувач за кој сите автори би сонувале

Во последното интервју за „Слободна Далмација“ авторот на познатата „Игри без граници“, хрватскиот композитор Мирослав Рус говори за соработката со Тоше Проески, за искуството, работата и сеќавањата од него.

Вели дека соработувал со многу ѕвезди во својот живот, но соработката со Тоше Проески била шлаг на тортата во неговата кариера.

Се најдовме ни малку случајно јас со мојата „Игри без граници“, а Тоше со неговиот талент и овој спој било прашање на време кога ќе се случи, вели Рус.

Додава дека во Тоше добил пријател и изведувач за кој сите автори би сонувале. Често знаел да го праша дали добро пее, а на тоа Мирослав одговарал дека Тоше подобро пее отколку што тие добро пишуваат.

Тоа е човек – кој во животот или ќе го сретнеш или не. Моја голема радост и голема тага. Никогаш нема да го прежалам, заклучува Рус.