Автонова официјално ја претстави глобалната технолошка автомобилска марка Leapmotor, во годината кога семејниот бизнис одбележува значајни јубилеи и три децении присуство во автомобилската индустрија.

Од Автонова истакнаа дека низ сите овие години останале верни на филозофијата – врвната послепродажна поддршка и грижа за клиентите се подеднакво важни како и самите автомобили.
„Leapmotor за нас не е само нова марка во нашето портфолио. Тоа е долгорочна инвестиција, но и почит и обврска кон нашите клиенти, кон нашите 108 вработени и нивните семејства, како и кон вредностите врз кои ја градиме оваа семејна приказна цели 30 години“, порачаа од Автонова, најавувајќи и отворање на нов објект посветен на марката Leapmotor.
Leapmotor во регионот
Позната во регионот како ексклузивен увозник за Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово за Citroën, во рамки на глобалното партнерство со Stellantis, една од највлијателните автомобилски групации во Европа, Автонова ја носи и марката Leapmotor, која веќе ужива доверба кај повеќе од 1,5 милиони клиенти ширум светот, благодарение на фокусот на иновација, ефикасност и дизајн ориентиран кон корисникот, нудејќи одржливи и достапни решенија за модерните клиенти.
Целосната гама модели
На настанот беше претставена целосната гама модели – од компактни урбани автомобили до семејни SUV возила и спортски електрични модели, кои од денес може да се видат и во продажниот салон на Автонова.

Leapmotor T03 – паметен избор за во град
100% електричен градски автомобил од нова генерација, дизајниран за динамиката на современиот урбан живот.
Leapmotor B10 – модерен и практичен SUV
Новиот компактен SUV во C-сегментот, наменет за млади професионалци, семејства и урбани корисници кои бараат современ дизајн, паметни технологии и практичност.
Leapmotor C10 – премиум семеен конфор
Нова генерација D-SUV возила, создадени за подолги и побезбедни семејни патувања.

Leapmotor B05 – за љубителите на спортски модели
Спортски електричен модел кој речиси истовремено со светската премиера е ексклузивно претставен и во Македонија.
Нов чекор кон иднината
Со официјалното претставување на Leapmotor, Автонова прави нов исчекор кон иднината, носејќи на домашниот пазар и во регионот интелигентни, практични и достапни решенија за електрична мобилност, поддржани од долгогодишното искуство, компактен тим и посветеност кон клиентите.