Автомобил гореше во центарот на Скопје

Автомобил се запали вчера вечер на булевар „Кочо Рацин“ во близина на ОУ „Димитар Миладинов“ и зградата на Црвен крст во центарот на Скопје.

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА информираа дека нивна екипа од пет пожарникари и едно противпожарно возило интервенирала околу 19 часот и пожарот бил изгаснат. Причинета е материјална штета, а информации за повредени нема.

Од МВР, пак, соопштија дека во 18.45 часот Г. Д. (28) од с.Ростуше пријавил дека на бул. „Кочо Рацин“ додека го управувал неговото возило „Даеву Ланос“ почнало да чади од хаубата и да избива пламен при што е изгорен делот кај моторот и шал таблата. Огнот е изгаснат од страна на противпожарна екипа.

Возилото што синоќа се запали е на истата локација каде што и во неделата беше опожарен еден автомобил „опел астра“. И тогаш беше предизвикана само материјална штета, без повредени лица. 

Фото: Нова Македонија