Автокоманда ќе добие нова амбуланта

Старата и руинирана амбуланта во Автокоманда, изградена после земјотресот, која не ги задоволува потребите на граѓаните следната година ќе стане минато.

Според најавите на градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски следната година треба да започне изградба на комплетно нова амбуланта со јавно приватно партнерство и со Здравствен дом Скопје.

Постојната амбуланта на ул. „Бапчор“, во населбата „Автокоманда“ е стара и руинирана зграда, која не само што не ги задоволува потребите на граѓаните туку не е ниту безбедна за давање и користење здравствени услуги.

Поликлиниката ќе биде опремена со најсовремена опрема од примарната и секундарната здравствена заштита. Планирано е да има превентивни ординации, лабораторија,  гинекологија и кожен лекар. Изградбата на нова поликлиника во „Автокоманда“ ќе биде адаптиран за потребите на граѓаните и ќе претставува единствено решение за доближување на примарната и на секундарната здравствена заштита до граѓаните.