Автобусџии! Од каде „мангупи“ силата да блокирате цел град?

Утре Скопје ќе биде блокирано во најголем дел од централното градско подрачје. Ќе протестираат приватните превозници, а скопјани уште денеска размислуваат како утре изутрина да ја избегнат гужвата за да стигнат до крајната дестинација, со оглед дека е студено за одење пешки, на велосипед или тротинет. 

Една скопјанка реагира дека никому не му е гајле за граѓаните. 

Ова е нејзиниот став. 

-Автобусџии!!! Кој ви дава право да помислите да блокирате цел град? Од каде „мангупи“, силата за такво нешто? А одговорност ќе понесете ли за штетите?

Дваесет години не` возите во валкани автобуси со услуга под достоинството. Зиме студени, лете врели, внатре ечи турбо-фолк. Возачите пушат во автобуси, се караат со патници, јадат бурек, поиминуваат на пруги на спуштена рампа, во село лазат како полжави, на булевари летаат, едно време дури и се тркаа со автобусите на ЈСП по улици!!! Додека наплаќавте билети застанувавте како такси, каде ви се крене рака. Кога почнавте да добивате пари по километар, понекогаш не застанувавте ни на станици!

Срамота сте и вие, исто како онаа кокана.

Никому не му е гајле за граѓаните. Дека стааа Нашоземјанци. Никому. Бљак.