Авиони на АРМ денеска ќе летаат над Скопје

По повод Денот на воздухопловната бригада АРМ за денеска најавува наледување на градот со 7 воздухоплови.

По добиеното известување од  АРМ, РЦУК на Град Скопје ги известува граѓаните дека  по повод „10-ти Јуни  - ден на Воздухопловната Бригада “  денеска  во периодот  од 10:40 до 11:30 часот, планирано е надлетување над Градот Скопје со  7 воздухоплови  во  формација.

Летот на формацијата ќе биде: од Аеродромот Александар Велики, преку централното градско подрачје, до населбата Ѓорче Петров и обратно. Воздухопловите ќе летаат на висина од 100 м.